ИЛОН МАСК ЈА ПРЕТСТАВИ „ТЕСЛА ТЕКИЛА“ ОД 250 ДОЛАРИ И ВЕДНАШ ЈА РАСПРОДАДЕ

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Илон Маск ја реализираше својата идеја за текила „тесла“, што ја најави на Твитер пред две години и првите количества веднаш се распродале, и покрај цената од 250 долари за шише. Она што Маск претходно го најави како „теслакила“ моментално не може да се купи преку сајтот на компанијата.

Маск ја најави својата текила на 1 април 2018, па затоа многумина помислија дека станува збор за шега, но тој уште еднаш покажа дека секогаш ги остварува своите замисли. Неговите обиди да го регистрира името „теслакила“ во октомври минатата година беа спречени од мексиканските производители, бидејќи асоцирало на текила, што е заштитен збор.

„Тесла текила“ ќе биде достапна само во неколку американски сојузни држави.