ИНФРАЦРВЕНИ ЗРАЦИ ПОТВРДИЈА ДЕКА ГРАФИТОТ НА СЛИКАТА „ВРЕСОК“ ГО НАПИШАЛ ЛИЧНО ЕДВАРД МУНК

Осло, (Би-Би-Си)

Уметникот Едвард Мунк го напишал мистериозниот графит на неговата најпозната слика „Вресок“, потврди истражуањето со инфрацрвени зраци.

Мала и речиси невидлива реченица напишана на едно од најпознатите уметнички дела на светот со години предизвикуваше разни размислувања во уметничкиот свет. Критичарите долго време се прашуваа дали графитот е вандалски чин на непознато лице или е лично напишан од Мунк, за кого е познато дека имал ментални проблеми.

Зборовите „Може да биде насликана само од лудак“ се напишани со молив во горниот лев агол. Тестирањата на Националниот музеј на Норвешка потврдија дека Мунк е авторот, споредувајќи го ракописот со неговите лично напишани писма.

Сликата која првпат била изложена во неговиот роден град Осло во 1893 година претставува безвременска експресија на човековата анксиозност. Таа помина низ процес на конзервација, пред да биде изложена во нов музеј, што треба да се отвори следната година.