ЈАПОНСКИ МИЛИЈАРДЕР ЈА ОТКАЖА ПОТРАГАТА ПО ПРИДРУЖНИЧКА ЗА ПАТОТ КОН МЕСЕЧИНАТА

Токио, (Ројтерс)

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава ја запре потрагата по жена која сакаше да го придружува на првиот лет кон Месечината што го организира компанијата на Илон Маск, „Спејс Екс“. Тој ја откажа потрагата, бидејќи, како што изјави, „имал измешани чувства за тоа“.

На почетокот на месецов, 44-годишниот милијардер објави дека бара женска личност од над 20 години која би сакал да го придружува за време на патувањето за кое ќе се снима документарец. На огласот кој заврши на 17 јануари се пријавија околу 28.000 жени.

Маезава кажа дека „му е искучително жал за одлуката да го поништи изборот“.

Богатството на основачот на онлајн компанијата за продажба на облека „Зозо“ се проценува на три милијарди долари.