ИЛОН МАСК ВЛЕЗЕ И ВО СВЕТОТ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА МУЗИКА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Сестраниот претприемач Илон Маск покажа нов талент откако ја објави својата прва песна со електронска музика.

Тој постираше фотографија од себеси во музичко студио непосредно пред да ја сподели траката насловена „Don’t Doubt Ur Vibe“. За да го одбележи излегувањето на песната, тој дури го промени името на својот профил на Твитер во ЕДМ, што е популарна кратенка за electronic dance music.

Маск ја објави песната на својата страница на Саундклаунд и на фановите им појасни дека вокалите и текстот се целосно негови.

Минатата година, газдата на „Тесла“ објави песна во чест на горилата Харамбе, кој беше убиен во зоолошката градина во Синсинати во 2016.