Косовскиот уметник Дритон Селмани вечерва во 20 часот ја отвора својата изложба „Лаењето на облаците не ги повредува кучињата“ во Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје. Куратори на поставката се Владимир Јанчевски, Ива Димовски и Благоја Варошанец.
Селмани е еден од тројцата наградени автори на минатогодишното Меѓународно биенале на млади уметници, а наградата подразбира реализација на самостоен проект во МСУ.
„Историјата на МСУ, како симбол на солидарноста, е многу важна за мене. Идејата дека солидарноста може да опстане во вакви времиња и да биде платформа за прикажување и на мојата уметничка практика е фантастично искуство за мене. Изложбата содржи уметнички дела, фокусирани на различни прашања од нашата современа состојба“, вели Селмани.
(Фото: Д. Миљаниќ)