Сношти во Скопје, во трговскиот центар „Дајмонд“ се одржа третата вечер од Скопскиот моден фестивал. Гостите гледаа модни ревии на Александра Стамениќ, Милан Зејак, Блерта Османи, и „Шифт“. На дел од нив видовме летни модели во живи бои.
Како музички гости настапија Калина Александар, Јана Јовиќ, Јана Мрческа, Тамара Грујеска, и диџеј Марио Трампет.
Ова е четвртото издание на модниот фестивал кој започна на 3 април, а се претставија повеќе домашни и балкански дизајнери.
На првата вечер во средата, програмата ја најави кус моден филм во кој учестуваат Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумовски, Калтрина Круезиу, Октај Сејди и Сара Дамчевска кои годинава се заштитни лица на настанот.
Скопскиот моден фестивал завршува вечерва (сабота) со ревија на „Сара фешн“ и забава. Во средата, го отвори дизајнерката Ивана Кнез со ревијата „Да живее драмата“ со која прослави 15 години работа.