КРИС ПРАТ ЌЕ СЕ ЖЕНИ СО ЌЕРКАТА НА ШВАРЦЕНЕГЕР

Лос Анџелес, (Фокс)

Ѕвездата на „Чувари на галаксијата“ Крис Прат се сврши со ќерката на Арнолд Шварценегер, Кетрин. Прат (39) на Инстаграм објави дека 29-годишната Кетрин го прифатила неговиот предлог за брак.

„Драга Кетрин, пресреќен сум што рече ‘да‘. Воодушевен сум дека ќе се венчам со тебе. Горд сум дека ќе живеам со тебе. Тргнуваме“, напиша тој.

Ѕвездата на блокбастери „Одмаздници“ и „Светот Јура“ во август 2017, по десет години брак, се разведе од глумицата Ана Фарис, со која имаат шестгодишен син. Со дизајнерката Кетрин, која е потомок на Џон Кенеди, е во врска од почетокот на минатата година.