ХЈУ ГРАНТ ПРЕКУ ТВИТЕР МОЛИ ДА МУ ГО ВРАТАТ УКРАДЕНОТО СЦЕНАРИО

Лондон, (АП)

Британскиот актер Хју Грант преку Твитер испрати јавна молба за помош во пронаѓањето на сценарио, кое било украдено од неговиот автомобил.

Глумецот вели дека сценариото содржи „неколку недели работа на белешки и идеи“. Неговиот автомобил бил обиен во неделата, при што е украдена торба, во која, меѓу другото, било и сценариото.

„Ако има каква било неверојатна шанса некој да ја познава личноста што ми го оби автомобилот и ми ја украде торбата, ве молам да ја убедите барем да ми го врати сценариото“, напиша Грант на Твитер.

Според сајтот ИМДБ, Грант периодов работи на нов филм со Гај Ричи и на серија на Ејч-Би-О со Никол Кидман.