„ЛУЈ ВИТОН“ ГО ОТВОРИ СВОЈОТ ПРВ РЕСТОРАН (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Осака, (Дезин)

„Луј Витон“ го отвори својот прв ресторан, што се наоѓа во рамките на неговата нова продавница во Осака (Јапонија) и внатрешноста е дело на дизајнерскиот тим на брендот.

Наречен „Сугалабо В“, тој го зазема првиот спрат од продавницата, лоцирана на булевар во центарот на Осака на кој се наредени луксузни бутици. Со кујната раководи угледниот јапонски готвач Јосуке Суга.

Ресторанот го карактеризира приватна атмосфера, па во неговите неколку простории во една вечер ќе може да јаде само мала група гости. Тие ќе можат да изберат да седат на класична маса или на шанк со високи столчиња кои имаат поглед на отворената кујна.

Цените на менијата почнуваат од 275 долари.

На последниот спрат од продавницата се наоѓа и кафуле.

(Фото: Луј Витон)