СИН НА БОБ МАРЛИ МЕЃУ УЧЕСНИЦИТЕ НА 10. Д ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Д фестивал ги објави првите учесници на своето јубилејно, 10. издание, што ќе се одржи од 3 до 5 јули.

Во годината во која светот го одбележа 75. роденден на реге легендата Боб Марли, во Дојран ќе настапи еден од неговите синови. Четириесет и тригодишниот Ки-Мани Марли продолжи преку музиката да ја шири пораката на својот славен татко, па идеално ќе се вклопи во мотото на фестивалот „Мир, единство, еднаквост… почувствувај ја љубовта“. Почнувајќи од 1996 година, Марли досега има издадено седум албуми.

Во програмата ќе се најдат и ЛД Пистолеро, Телемама, „Партибрејкерс“, германското електронско дуо „Бука шејд“ и легендата на светската транс сцена Астрикс, а на фестивалот ќе се одбележат и половина век Златно славејче.