ЛУВР ЈА ПОСТАВИ ЦЕЛАТА КОЛЕКЦИЈА ОНЛАЈН, МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ БЕСПЛАТНО

Париз, (Скај)

Најпосетуваниот музеј во светот, Лувр во Париз, постави над 480.000 уметнички дела онлајн, меѓу кои и „Мона Лиза“ и „Милоска Венера“.

На официјалната веб страна на музејот се прикачени дела од колекциите од неговите осум оддели, почнувајќи од Исламска уметност, преку Скулптури и Ренесанса, па до Египетски антиквитети.

„Лувр ја брише прашината од своите богатства, дури и најмалку познатите. За првпат, секој може да добие пристап до целата колекција од компјутер или смартфон бесплатно, без разлика дали делата се изложени во музејот или се позајмени некаде“, изјави директорот на музејот, Жан-Лик Мартинез.