МНОГУ ВОЗБУДА И АНДРЕНАЛИН ДОНЕСЕ ПРВАТА ТРКА ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ЕНДУРО МОТОЦИКЛИЗАМ

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Многу адреналин и октани почувствува публиката на првата трка од државното првенство во ендуро мотоциклизам, која се одржа на патеката кај езерото Младост, Велешко.

Во класата Е1 победи Драган Ванов од МК Мото Велес, втор беше велешанецот Мартин Караколев, кој настапува за клубот Водно Скопје, а трет беше Драган Зафировски од МК Мото Велес.

Во класата Е2 победи Али Керим од МК Хиенад Тетово, а во Е3 најбрз беше Самет Имери од МК Мото Велес.

Триесетина учесници возеа два круга по 40 километри по нерамен земјен терен, на кој имаше многу вештачки направени препреки.

Втората трка од годинашниот државен шампионат треба да се одржи во септември во Куманово, а третата трка во октомври во Тетово.

П. ПЕЧКОВ