Овие светски бизнисмени со својот имиџ потврдуваат дека може да се има врвен изглед и на работа.

Гери Мекгаверн

Директорот за дизајн на Ленд Ровер се здружи со Орлебар Браун да му дизајнира водоотпорно сако, кое му дава посебен „смарт“ изглед за во канцеларија, како и за на терен кога тестира нови модели.

Марко Биѕари

Кога Биѕари му се придружи на Гучи како извршен директор и претседател, една од неговите одлуки беше да го промовира дизајнерот Алесандро Мишел како креативен директор. А, тоа беше паметен потег за „паметни костими“.

Стефан Винкелман

Италијанските автомобилски магнати се познати по извонреден стил, но поранешниот директор на Ламборгини поставува целосно други стандарди.

Инго Вилтс

Нема да најдете човек кој подобро комбинира трендовски очила и елегантен костим од главниот уредник на брендот Хуго Бос.

Хуан Санта Крус

Чилеанецот Хуан Санта Крус не е само креатор на прекрасни ресторани, туку и на преелегантна облека.