На температура од 28 Целзиусови степени, холивудските ѕвезди се собраа во Лос Анџелес во сатенски модели, провокативни долги фустани и секси комплети за 70. доделување на телевизиските награди Еми.

Некои од креациите во театарот Мајкрософт дури имаа и политички став, коментираат модните критичари.

„Игра на тронови“ и „Прекрасната госпоѓица Мејзл“ се најголемите победници на вечерта: првата освои вкупно девет, а втората осум статуетки. „Игра на тронови“, која лани не беше во конкуренција, сега има колекција од 46 награди Еми.
