Дигитални фрески со херувими и грчките богови Херкул и Атина се во фокусот на најновата продавница на луксузниот моден бренд „Долче и Габана“ во Рим, која беше дизајнирана од архитектонското студио „Карбондале“.
„Сместена во палата од 16. век на славниот Шпански плоштад во Рим, целта на продавницата е да го рефлектира градот како синоним за величественост и уникатност“, велат од студиото, кое има претставништва во Париз и во Бразил.
„Рим е барокен град, изграден од уметници и архитекти како Боромини и Бернини и нивните креации се карактеризираат со хиперреализам. Дизајнерите сакаа да ја оживеат оваа барокна инспирација на современ начин, со модерни материјали и техники“, рекоа архитектите.