Филмските ѕвезди сѐ почесто бараат од светските дизајнери и стилисти да им креираат уникатни парчиња облека и накит за црвен килим, но понекогаш се случува креациите да бидат преземени од модните писти.
Пред неделното свечено доделување на најзначајните филмски награди, Оскари, „Вог“ објави листа на фустани и смокинзи кои дебитирале на модните писти, пред да ги носат ѕведите на црвениот килим.