Холивудските ѕвезди во полн сјај се вратија на доделувањето на Златните глобуси. Се шпекулираше дека малку ѕвезди ќе се појават на церемонијата во Лос Анџелес по минатогодишните контроверзи, но тоа се покажа неосновано.
Најголем дел од номинираните продефилираа на црвениот тепих во хотелот „Беверли Хилтон“ и беа среќни да позираат пред фоторепортерите.