И КЕЈТИ ПЕРИ ПОВЛЕЧЕ ЧЕВЛИ ОД ПРОДАЖБА ОТИ БИЛЕ РАСИСТИЧКИ

Њујорк, (Гардијан)

Поп пејачката Кејти Пери е последната личност чија модна линија беше критикувана како расистичка.

„Кејти Пери колекшнс“ донесе одлука да повлече од продажба свои производи, бидејќи асоцираат на црно лице. Станува збор за линија сандали и мокасинки, кои се дизајнирани како лице на кои се истакнуваат големи црвени усни.

„Со цел да искажеме почит, во процес сме на повлекување на чевлите“, изјави портпаролот на компанијата.

Ова уследи само една недела откако од иста причина, и „Гучи“ повлече свои џемпери, а во декември, со слични обвинувања се соочи и „Прада“.