ЈАС СУМ ДЕТЕ НА КАРЛ И КОКО ШАНЕЛ – НАСЛЕДНИЧКАТА НА ЛАГЕРФЕЛД ДОБИВА ОДЛИЧНИ КРИТИКИ

Париз, (Гардијан)

„Шанел“ во модата е тоа што Џејмс Бонд е во филмот: франшиза полна со контроверзи, светска слава и бескраен капацитет за креативност.

Големата ѕвезда на „Шанел“ Карл Лагерфелд почина во февруари годинава и го наследи Виржини Вијар, која 30 години му беше десна рака. Со нејзината четврта ревија за „Шанел“, што се одржа вчера во Париз, таа за првпат ја покажа нејзината амбиција брендот да го задржи статусот на блокбастер.

Фото: АП

Вијар соработуваше со оскаровката Софија Копола за ревијата која беше сместена во реконструкција на парискиот апартман на Коко Шанел.

„Многу е тешко од број два, кога принцот Карл беше на врвот, да станеш број еден. Вијар се доближува до таа позиција и тоа се добри вести за брендот“, вели модниот претседател на „Шанел“ Бруно Павловски.

(Фото: АП)

„Јас сум дете на Карл и Коко Шанел“, рече Вијар пред ревијата.

Вијар и Копола го рекреираа 31 Rue Cambon, каде што пред речиси еден век се одржале првите ревии на Шанел, вклучувајќи ги славните скали покрај огледала, од каде таа ги гледала манекенките.