Модната куќа „Луј Витон“ ќе развие луксузен бренд со поп ѕвездата Ријана, што е редок потег на познатиот бренд да почне сосема нов бренд.

Француската групација „ЛВМХ“, чии членови се „Луј Витон“, „Диор“ и „Живанши“, во 2017 склучи договор со пејачката за нејзината козметичка линија „Фенти бјути“. Новата линија со Ријана ќе вклучува облека и модни додатоци, а ќе излезе во втората половина од годинава. Ријана со тоа ќе стане првата црномуреста дизајнерка во историјата на групацијата, основана во 1987 година.

Луксузните модни куќи се соочуваат со проблеми, особено на клучниот пазар во Кина, па сакаат да се доближат до младите купувачи со менување на дизајнерите и со работа со ѕвезди и влијателни личности од социјалните мрежи.