Меланија Трамп повторно избра да носи елегантна пелерина на средба со британското кралско семејство во Бакингамската палата.
![](https://smart.sdk.mk/wp-content/uploads/2019/12/melania-trump-mega560634_004-510x410.jpg)
Првата дама на САД пристигна со својот сопруг Доналд Трамп на Лидерскиот самит на НАТО во Лондон, што почна со прием кај кралицата Елизабета Втора, а потоа тие се сретнаа и со принцот Чарлс и неговата сопруга Камила.
За оваа прилика, Меланија Трамп облече жолта пелерина на „Валентино“, која чини 7.700 долари, што ја искомбинира со виолетова блуза и со 12 сантиметри високи потпетици на „Кристијан Лубутен“ во иста боја.
Принцовите Вилијам и Хари не беа присутни поради други обврски.