МОРНИЧАВАТА РЕВИЈА НА „ДИЗЕЛ“ НА МОДНАТА НЕДЕЛА ВО МИЛАНО ЈА ВОЗБУДИ ПУБЛИКАТА

Милано, (АП)

Илјадници луѓе излегоа на дожд за да ја гледаат ревијата на „Дизел“ на отворено за време на Модната недела во Милано. На ревијата, брендот се фокусираше на тексасот.

Дизајнерот Глен Мартенс го издигна „Дизел“ до нови височини, привлекувајќи музички таленти како Џејден Смит во ВИП делот на пистата.

Колекцијата на „Дизел“ за пролет-лето 2024 ги комбинира стандардите од почетокот на 2000-ите како карго панталони, кратки маици и дуксери со врвни текстилни иновации, што понекогаш го отежнуваа толкувањето на она што оди по пистата. Дождот само ја зголеми мистеријата.

На ревијата се носеа модели од тексас испрскани со спреј. Облеката имаше речиси див изглед, како да се распаѓа.

. Облеката имаше речиси див изглед, како да се распаѓаше. (Фото: АП)

Како Мартенс да создал група ликови од сопствената фантазија. Долгите фустани беа распарчени, а рок маичките имаа психоделичен изглед, носени со панталони кои како да исчезнуваа. Сета оваа фантазија, во комбинација со залижана коса и понекогаш нацртани лица, ѝ даваше на колекцијата морничав изглед, што уште повеќе ја возбуди толпата.

„Технологијата за изработка на текстилот е толку врвна, што тој дел од производствениот погон е запечатен за да се заштити тајноста“, кажа сопственикот на брендот Ренцо Росо.