Облеката треба да се цени, да не се фрла по едно носење, дури треба да се пренесува на идните генерации, вели Ана Винтур, една од најмоќните жени во светот на модата и долгогодишна уредничка на магазинот „Вог“.
Во интервју за „Ројтерс“ на конференција во Атина, Винтур повика на поголема одржливост во модниот свет и на помалку фрлање на облеката.
„Сметам дека сите ние треба да обрнеме поголемо внимание на дарбата, изработката, креативноста, а помалку на тоа дека алиштата можат во секое време да се фрлат. Затоа ѝ потенцираме на нашата публика да ги ценат алиштата што ги поседуваат, да ги носат повторно и повторно и дајте им ги на своите деца“, вели Винтур, која над 30 години е уредничка на највлијателното модно списание.
Според еден извештај од 2016, глобалното производство на облека двојно се зголемило во периодот од 2000 до 2014.