Наместо на славни музички, филмски или модни ѕвезди, септемвриското британско издание на престижното модно списание „Вог“ ќе биде посветено на влијателни активисти за права на Афроамериканците. Септемвриското издание вообичаено се продава во најголем број примероци за разлика од другите месеци.

На насловната страна се фудбалерот Маркус Рашфод, кој помогна за Британската влада да додели ваучери за оброци за деца и Адвоа Абоа, манекенка и активистка за кампања за ментално здравје.

Фотографот Маркус Хариман, кој е прв маж Афроамериканец што ја слика насловната страна на британскиот „Вог“, вели дека „фотографијата е најсоодветна за овој момент“, по протестите во САД против расизам во САД по смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис.

Главниот уредник на британскиот „Вог“ Едвард Енинфул се заинтересирал за Хариман откако објавувал фотографии од протестите на движењето „Црните животи значат“ низ Лондон.

„Му требаше промена на ‘Вог’, во овој период на протести и пандемијата на ковид-19. Знаете, не можеме само да рекламираме убави алишта или чевли во време кога светот се соочува со криза“, вели Енинфул.