СТУДИИ НА ЛОНДОНСКИОТ МЕТРОПОЛИТЕН УНИВЕРЗИТЕТ ОД СЕПТЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

Од оваа година македонските студенти ќе можат да студираат на престижниот Метрополитен универзитет (МЕТ) во Скопје и да се стекнат со британска државна диплома за високо образование.

„Дипломата стекната на Лондон MET е високовреднувана и признаена ширум светот. За тоа сведочат и огромниот број студенти кои по завршувањето на студиите станале дел од реномирани светски компании. На овој универзитет досега завршиле голем број на истакнати и видни личности од светот на уметноста, светот на бизнисот и економијата, светот на политиката, како што е на пример градоначалникот на Лондон Садик Кан, но и многу други видни личности. Сите студенти кои сакаат да студираат на реномирани светски универзитети, сега можете да бидат дел од првата генерација македонски студенти на Лондон МЕТ“, велат од Скопје Метрополитен колеџ.

Лондон Метрополитен универзитетот е основан во 1848 година, како Северен политехнички институт, со мисија да им помогне на идните студенти во стекнувањето на работните вештини, со кои во иднина ќе дадат свој придонес во заедницата. Голем број на локални бизнисмени и богати личности ја увиделе важноста од постоење на ваков институт, и инвестирале средства за изградба и развој на истиот.

Водејќи се од истата идеја, да се произведе висококвалификуван кадар кој после завршувањето на студиите ќе биде целосно спремен директно да оди на работа, институцијата од институт прераснува во најголемиот универзитет во Британија, нудејќи широк опсег на студиски програми. Денес, Лондон МЕТ е една од најреномираните образовни институции во Лондон. Традицијата, квалитетот на студиите, како и квалитетот на наставата го прават светски реномиран универзитет и избор на многу студенти ширум светот. Студиските програми вклучуваат активности кои ја стимулираат интелектуалната љубопитност, имагинацијата и рационалното размислување, а главен акцент се става на стекнување на практични вештини.

За повеќе информации околу студиите во Скопје, идните студенти можат да се информираат на веб страната www.skopjemetropolitan.edu.mk или на телефон +389 23140004