ОКЛОПИТЕ ОД „ИГРА НА ТРОНОВИ“ СЕ ПРЕСЕЛИЈА НА ЦРВЕН КИЛИМ

Лондон, (Гардијан)

Ефектот на „Игра на тронови“ – вака модните критичари ја објаснуваат сѐ почестата појава на фустани инспирирани од оклопи и синџири. Тилда Свинтон носеше „оклопен“ фустан во Кан, а пак во слични креации се појавија и Сиена Милер и Гема Чен на Мет гала, инспирирани од оклопот на Бриен од Тарт.

Според модниот пребарувач „Лист“, пребарувањата за оклоп се зголемиле за 28 отсто од почетокот на март.

„Оваа серија стана таков феномен што дури и јас, која немам гледано ниту една епизода, имам видено милион слики од жени во оклопи“, вели Валери Стил, директорка на музејот во Институтот за мода и технологија.

Гвендолин Кристи во „Игра на тронови“/Креација на Пако Рабан/ Џејн Фонда во филмот „Барбарела“ од 1968 (Фото: Ејч-Би-О/Гети)

Оклопот исто така се појави во колекциите пролет/лето 2019 на „Ив Сен Лоран“, Кристофер Кејн и на Пако Рабан.

Тобајас Капвел, кустос во Волис колекцијата во Лондон, не е изненаден што модата црпи инспирација од оклопите.

„Оклопот е бескрајно фасцинантен и визуелно прекрасен. Исто така, поврзан е и со сексуалноста. Оклопот има двојна можност да скрие и да открие“, вели тој.