Ријана се прогласи себеси за кралица на Денот на вљубените, претставувајќи ја новата колекција на долна облека на нејзиниот моден бренд „Фенти“. Таа сними секси фотосесија во која го глуми Купидон за да докаже дека нејзината долна облека е совршена униформа и совршен подарок за претстојниот празник на вљубените.
„Поклонете се, пристигна Кралицата на Денот на вљубените!“, стои во објавата на Инстаграм профилот на „Savage X Fenty“.
Колекцијата „Лавлајн“ содржи парчиња облека и за жени и за мажи, а цените се движат од пет до 50 долари.
(Фото: Инстаграм)