СКОПЈЕ МОДЕН ФЕСТИВАЛ СО ДОМАШНИ И БАЛКАНСКИ ДИЗАЈНЕРИ ОД 3 ДО 6 АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од 3 до 6 април, од 19:30 до 22:30 часот во скопскиот трговски центар „Дајмонд“ ќе се одржува четвртото издание на Скопје моден фестивал со домашни и балкански дизајнери.

„Публиката ќе проследи уметнички перформанси, музички, танцови и сценски изведби и настапи на познати пејачи. Фестивалот ќе го отвори дизајнерка Ивана Кнез со ревијата ‘Да живее драмата‘“, вели Милан Атанасов, креативен директор на настанот.

Програмата ќе ја најави кус моден филм во кој учестуваат Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумовски, Калтрина Круезиу, Октај Сејди и Сара Дамчевска.

Од агенцијата „Макс менаџмент“, која е организатор на настанот, велат дека изминативе три години учествувале над 60 дизајнери, брендови и академии. Директорката за односи со јавност на фестивалот Ивана Китановска-Трпеска вели дека очекуваат и поголема посета на ова издание. 

Фото: Моника Црнокрак е едно од заштитните лица на фестивалот