Рита Ора во „Ралф и Русо“ (Фото: АП)

Вообичаено откачениот црвен килим на доделувањето на Греми наградите синоќа беше посмирен во однос на изминатите години.
Имаше многу црни креации, како традиционални смокинзи и фустани, но и по некој невообичаен аутфит.

Модните критичари дадоа највисоки оценки за изгледот на Леди Гага, во фустан од Армани и со шминка и фризура инспирирани од ликот на Калиси од серијата „Игра на тронови“ (Фото: Ел)

Главен моден додаток на годинашните Греми беше бела роза, или закачена на дел од облеката или во рацете, во знак на поддршка на движењето „Времето истече“ и жртвите на сексуално вознемирување.

Ријана за настапот носеше фустан од Адам Селдман со 275.000 кристали (Фото: АП)

Но, имаше и многу ѕвезди со шарени комбинации, како сер Елтон Џон, кој носеше светкаво палто од Гучи во сина, златна и сребрена боја и жолти очила за сонце.

Бебе Реџа и Синди Лопер/Луис Фонси и Агуеда Лопес/Пинк со сопругот, ќеркичката и мајка ѝ

Леди Гага, Бијонсе, Кеjти Холмс и Кели Кларксон беа меѓу оние кои избраа црна боја за црвениот килим, меѓу кои беше и Мајли Сајрус во црна креација на Жан Пол Готје. Таа се пресоблече во фустан од црвен тил од Зак Позен за настапот со Елтон Џон.

Сер Елтон Џон и Мајли Сајрус, која носеше фустан од црвен тил од Зак Позен (Фото: АП)

„Се чини дека ѕвездите навистина играле на сигурно и не сум сигурна зошто е тоа така”, вели Ерин Канингем, уредник на модни вести.

“Би било убаво да се видат повеќе моменти како оној со Џеј Ло во Версаче“, додаде таа.

Топ-моделот Хајди Клум во „Аши“

Карди Би во модел на „Аши“

Криси Тиген во „Џанин“ со сопругот Џон Леџенд (Фото: АП )

Хејли Сајнфилд во „Александер Вотје“ (Фото: АП)