„ВЕРСАЧЕ“ ГО ИСФРЛА КРЗНОТО ОД СВОИТЕ КОЛЕКЦИИ

Милано, (АФП)

Дизајнерката Донатела Версаче изјави дека луксузниот моден бренд на нејзиното семејство веќе нема да користи природно крзно во своите колекции.

Италијанската модна кралица и уметничка директорка на „Версаче“ за списанието „Економист” кажа дека ќе ја прекинат досегашната пракса, без да даде дополнителни детали за промената.

„Крзно? Јас сум против тоа. Не сакам да се убиваат животни за да има мода. Едноставно, не е во ред“, изјави таа.

Од седиштето на „Версаче“ во Милано, пишува АФП, не можело да се добие коментар.

„Версаче“ изминативе години се спротивставуваше на притисокот да се приклучи на бројни други модни брендови, како „Армани“, „Келвин Клајн“, „Хуго Бос“ и „Ралф Лорен“, и да го исфрли крзното од своите колекции. Меѓународната организација „Хјуман сосаети“ често реагираше што тој користи крзна од различни видови животни, како видра и ракун.

„’Версаче’ е влијателен луксузен бренд и симбол на гламурот и затоа оваа одлука покажува дека сочувствителната мода никогаш повеќе не била ин”, рече Клер Бас, извршна директорка на британскиот огранок на организацијата.