НАДАЛ ГО ОСВОИ РОЛАН ГАРОС ПО 13. ПАТ НОСЕЈЌИ ЧАСОВНИК ОД НАД МИЛИОН ДОЛАРИ

Париз, (Форбс)

Рафаел Надал ја освои рекордната 13. титула на Ролан Гарос, носејќи рачен часовник вреден повеќе од еден милион долари.

Новиот часовник на Надал тежи само 30 грама

Швајцарскиот бренд на луксузни часовници „Ришар Мил“ го издаде моделот „РМ 27-04“ минатиот месец за да го одбележи десетгодишното партнерство со шпанскиот тенисер. Произведен во ограничена серија од 50 примероци, часовникот од 1,05 милиони долари тежи само 30 грама сосе каишот, што го прави најлесен на светот. Надал вели дека часовникот го чувствува како „друга кожа“.

Надал има долга историја на носење скапи часовници на тениските терени. Во 2017 го освои Ролан Гарос со „Ришар Мил“ од 750.000 долари, а оној од ланскиот Ју-Ес опен чинеше 725.000 долари.