Слика од Винсент ван Гог која била непозната за пошироката јавност повеќе од 100 години се продаде на аукција за 13,09 милиони евра. Според „Сотбис“, ова е рекордна сума за негово дело постигната во Франција и првично беше проценето на осум милиони евра.
„Улична сцена од Монмартр“ е дел од серијата уметнички дела кои Ван Гог ги насликал кога бил во Париз заедно со брат му Тео во 1886 и 1887 година. Познатата црква „Свето срце“ во тоа време уште се градела.
„Она што е возбудливо е што станува збор за слика на Ван Гог која била скриена уште од времето кога се симнала од штафелајот на уметникот. Отсекогаш била во приватни колекции, па за неа знаеле само сопствениците и нивни пријатели“, рече експертот за Ван Гог, Мартин Бејли.