„НОМА“ НА ТЕТОВЕЦОТ РЕНЕ РЕЏЕПИ ПЕТТИ ПАТ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР РЕСТОРАН НА СВЕТОТ

Копенхаген, (Јуроњуз)

Ресторанот на тетовецот Рене Реџепи во Копенхаген е прогласен за најдобар на светот по петти пат. „Нома“ ја освојуваше оваа престижна награда и во 2010, 2011, 2012 и 2014 година.

Жирито на „Најдобрите 50 на светот“ ја пофали „Нома“ за иновативното мени и за употребата на внимателно избрани состојки.

„Секое одење во ‘Нома‘ е различно, при што Рене Реџепи и неговиот тим постојано користат неочекувани состојки, претворајќи ги во прекрасни јадења“, стои во појаснувањето на изборот на победникот.

„Нома“ е само втор ресторан кој пет пати ја освојува оваа награда, израмнувајќи се со „Ел Були“ на шпанскиот готвач Феран Адрија. Во почетокот на оваа година, „Нома“ беше награден со три Мишелин ѕвезди.

„Нома“ е пофалена за иновативното мени и за употребата на внимателно избрани состојки

„Чувството е неверојатно, без разлика на рекордот. Во овие пандемиски времиња имавме подеми и падови, главно падови и она што ме мотивираше да продолжам е ова проширено семејство на луѓе во кои имам голема доверба“, изјави 43-годишниот Реџепи, кој е роден во Копенхаген, а потекнува од тетовското село Џепчиште.

И на второто место заврши ресторан од Копенхаген, „Гераниум“. Листата ја составува влијателна група на повеќе од 1.000 готвачи, ресторатери и кулинарски експерти, новинари и критичари.