НОВА БАРБИ КУКЛА ЗА 44-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ЕЛВИС ПРИСЛИ

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Барби кукла облечена како Елвис Присли е најновиот производ на компанијата „Мател“ во чест на „кралот на рокенролот“. Куклата наменета за колекционери е облечена во препознатливиот костим на Присли, „American Eagle“, кој го носеше на голем број настапи.

Првиот сингл на Присли излезе во 1956 и се продаде во над еден милион примероци.

Во 1973 тој испиша телевизиска историја со концертот „Елвис: Алоха од Хаваи преку сателит“, што беше првиот концерт што се пренесуваше во живо низ светот и го гледаа околу 1,5 милијарди луѓе во 40 земји.

Присли почина на 16 август 1977 во неговиот дом во Мемфис на 42 години.