ЊУЈОРК ДОБИ ЛИЗГАЛИШТЕ НА ВИСОЧИНА ОД 345 МЕТРИ

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Највисоката надворешна набљудувачница во западната хемисфера сега има и лизгалиште. Еџ е сместена на 100. спрат од зградата Хадсон јардс во Њујорк и сега таму може и да се лизга на височина од 345 метри.

Лизгалиштето од 95 квадратни метри е поставено во внатрешниот дел на набљудувачницата, но лизгачите, сепак, имаат можност да уживаат во неверојатниот поглед на градската панорама на Њујорк. Ќе биде отворено до 14 март.

Еџ нуди поглед на Њујорк од 360 степени и излегува 20 метри од 100. кат на зградата.