ЊУЈОРК ЈА ИМА НАЈСКАПАТА УЛИЦА НА СВЕТОТ, ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА НА СТАН Е 38,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Њујорк, (Блумберг)

Њујорк може да се пофали дека ја има најскапата улица на светот.

Овој статус ѝ припаѓа на 57. улица, која се наоѓа на Менхетн, каде што во последните пет години се продадени најмногу станови со вредност од над 25 милиони долари – дури 41. Во коридорот на облакодери јужно од Сентрал Парк просечната цена на стан е 38,5 милиони долари.

На второто место се најде Маунт Николсон роуд во Хонгконг со 35 продадени станови поскапи од 25 милиони долари, но таму просечната цена е далеку повисока – 81,8 милиони долари.

Во Маунт Николсон роуд во Хонгконг просечна цена на стан е 81,8 милиони долари

Њујорк има уште две улици во топ 5: Сентрал Парк саут (32 станови/просечна цена 44,9 милиони долари) и авенија Парк (20/43), додека на петтото место е Гросвенор сквер во Лондон (13/45,5).

Иако се најде на третото место, во Сентрал Парк саут е сместен најскапиот стан во САД, вреден 238 милиони долари, што оваа година го купи милијардерот Кен Грифин.