ПАНДЕМИЈАТА Е ЗАСЛУЖНА ЗА НОВО ХОБИ И ПРОДАЖБА НА МИЛИОНИ СЛОЖУВАЛКИ

Берлин, (ДПА)

Рестриктивните мерки, карантинот, стравот од зараза со ковид-19 доведоа до економска криза и психолошки проблеми кај луѓето. Сепак, се чини дека бизнисот со сложувалки цути во последнава година.

Најголемиот европски производител на сложувалки „Равенсбургer“ призна дека има корист од ситуацијава со коронавирусот.

„Тие се форма на бегство. Кога сте сконцентрирани на решавање загатка, се чини дека надворешниот свет привремено се повлекува. Вие се втурнувате во сложеноста на сложувалката и заборавате на сè она што се случува во реалноста“, вели Марсел Данези, професор по семиотика на Универзитетот во Торонто.

„Равенсбургeр“ објави дека минатата година продал рекордни 28 милиони сложувалки, што е за дури 32% повеќе од 2019. Приходите на компанијата притоа пораснале за 20%, на 632 милиони евра. Извршниот директор на компанијата Клеменс Мајер признава дека коронавирусот е заслужен за ова ново „тивко хоби“.