ПАРИЗ ЌЕ ВЛОЖИ МИЛИЈАРДА ЕВРА ВО ЧИСТЕЊЕТО НА СЕНА ЗА ДА БИДЕ СПРЕМНА ЗА ОЛИМПИЈАДАТА ВО 2024

Париз, (Си-Ен-Ен)

Париз објави нови планови за реновирање на локации и објекти во рамките на подготовките за Летната олимпијада во 2024. Меѓу нив е да се исчисти реката Сена и да се отворат ресторани во напуштени метро станици.

Проектот за урбана обнова на Париз, „Реоткривање на Париз“, во 2014 го најави градоначалничката Ан Идалго.

Фото: Си-Ен-Ен

Чистењето на Сена е еден од најамбициозните планови на Идалго, чиј цел мандат е во насока на еколошка освестеност. Властите сакаат коритото да биде чисто до 2024 за да може таму да се одржи пливачкиот дел од олимпискиот триатлон. Чистењето ќе чини една милијарда евра, со цел да се намали нивото на ешерихија коли, фекални материи и на други загадувачи. Со чистењето ќе се овозможи да се отворат урбани плажи во центарот на Париз.

Планирано е и освежување на Ајфеловата кула и на кулата Монпарнас. Во наредните четири години, напуштени и застарени простори ќе добијат нов живот во вид на ресторани, тематски хотели, музеи и места за слободно време.