Паркинг место во Хонгконг од 12,5 квадратни метри се продаде за 1,3 милиони долари, што претставува нов светски рекорд. Тоа е едно од неколкуте места што се продале во ултралуксузна населба во богатата станбена област Пик, објавија локалните медиуми.
Населбата Маунт Николсон ги содржи некои од најскапите домови во Азија.
Хонгконг е толку преполн, што секое парче земјиште, било за живеење или за паркинг, може да достигне нереално висока цена.
Според „Блумберг“, претходниот рекорд за најскапо паркинг место исто така беше поставен во Хонгконг, кога во 2019 биле платени 980.000 долари.