Пар патики дизајнирани и носени од Канје Вест ќе бидат понудени на аукција како најскапи кои досега се појавиле на пазарот, објави аукциската куќа „Сотбис“. „Најки ер јизи 1 прототајп“ се проценети на еден милион долари, а Вест ги носеше на настапот на Греми наградите во 2008 година.

Патиките ги продава колекционерот Рајан Ченг, а ќе се најдат на аукција утре во Хонгконг.

Во изминатите години, патиките се здобија со вреден колекционерски статус исто како вино и накит. „Сотбис“ пред две години ја одржа првата аукција посветена исклучиво на патики.

„Овие патики беа клучни за развојот на ‘Јизи‘, кој стана еден од најважните брендови на патики во историјата“, изјави Брам Вахтер, шефот на одделот за улична мода и модерни предмети во „Сотбис“.

Најскапите патики кои досега се продадени на аукција се „најки ер џордан 1“ од 1985, кои постигнаа цена од 615.000 долари.