Љубителите на книги кои сакаат да патуваат, при изборот на дестинацијата, би требало да размислат да ги посетат следните седум места.
Еднособна кабина во шума во Њујорк
Нема нештo поубаво од тоа да се изолираш со една добра книга. Американската компанија за архитектура „Студио Падрон“ сигурно го споделува истото мислење со креирањето на оваа еднособна кабина за читање среде шума во околината на Њујорк. Заборавете на кампинг – оваа дрвена кабина е вашата дестинација! Сега сé што ви треба е да си одберете книга на месецот и да си спремите топло чајче.
Полици на море
Купете по едно италијанско каноли, шише вино и качете се на гондола за да ве однесе до книжарницата „Аква Алта“ на Венеција. Се смета за едно од најромантичните и уникатни книжарници.
Kнижарница на брод
„Збор на вода“ во Лондон претставува комбинација на љубовта кон морето и љубовта кон убавите приказни, слично на книжарницата „Аква Алта“. Популарниот брод е полн со полици и честопати се организираат настани како читања и музички шоуа.
Театар претворен во книжарница
Магичниот „Ел Атенео Гранд Сплендид“ во Буенос Аирес, кој што некогаш беше „Театро Гранд Сплендид“, се претвори во книжарница во 2000 година и без сомнение е еден од најгламурозните места за да се изгубите во купиштата книги.
Омиленото место на парижаните
„Шекспир и Компанија“, париската книжарница која што истовремено е резиденција на писателите, е многу „шик“ и дефинитивно заслужува посета кога ќе бидете за одмор во Франција.
Куќата на Хемингвеј
Следниот пат кога ќе поминете низ Флорида, направете тура низ куќата на Хемингвеј за мала книжевна инспирација. Толку е убава и тропикална што веројатно ќе ве убеди да напишете ваша верзија на „Старецот и морето“.
Кај По
Ако сакате да соберете елементи за пишување на хорор приказни, не испуштајте ја турата на домот на Едгар Алан По во Бронкс. Само внимавајте да не полудите доколку сте таму!