Ајфелова кула повторно ќе се отвори за посетители на 16 јуни, откако девет месеци беше затворена поради пандемијата, најдолго од Втората светска војна.
Дневниот број на посетители ќе биде ограничен на 10.000, помалку од половина од она што важеше пред пандемијата. Сите нивоа ќе бидат достапни, со исклучок на деловите кои се реновираат.
Обележјето на Париз минува низ најтемелната обнова во 130-годишната историја за да добие блескав изглед за Олимписките игри во 2024 година, вклучувајќи и нова, златна нијанса.
Кулата беше затворена повеќе од три месеци во првиот бран на пандемијата минатата пролет и потоа повторно есеноска. Тоа доведе до загуби од 52 милиони евра лани, а оваа година се очекува да изнесуваат 70 милиони.