Главниот град на Грција, Атина е избран за град со најубав мирис во Европа, според ново истражување на Ејч-Еј-Вај-Пи-Пи (HAYPP). Истражувањето анализирало 30 главни градови во Европа, a биле земени во предвид повеќе фактори, вклучително и јавната чистота и процентот на цвеќарници, пекари и пaрфимерии.
Раздвижените улични базари, аромата на свежи производи, билките, грчките деликатеси, баклавата и пекарите, му донесоа на градот оценка од 8,3 од 10, на мерачот на мирис.
Атина е и цветен рај, со 31 цвеќарница и 22 парфимерии на 10 квадратни километри, што значи дека нежен мирис се шири низ секој агол од градот. Посветеноста на градот за чистота се рефлектира и во неговиот Индекс на еколошки перформанси (EPI), кој доби оценка од 56,2.
На листата во топ пет градови со најубав мирис се и: Париз, Цирих, Даблин и Луксембург.
Фото: „Гриксититајмс“