Природата сега ги покажува своите најубави бои, но тоа нема кој да го види.
Дивите зумбули се во полн цут правејќи син тепих во шумата Халербос, 15 километри јужно од Брисел и оваа неверојатна глетка вообичаено привлекува 100.000 туристи годишно.
„Срцето нѐ боли. За ова живееме цела година“, изјави градоначалникот на Хале, Марк Снук.
Овој град со 30.000 жители во април е домаќин на Фестивалот на диви зумбули, кои цутат во период од три недели, но тој сега мораше да биде откажан. Сега може да се види само по некој локален жител како шета низ шумата, но тоа што нема туристи е добра вест за цвеќињата.
„Многубројните туристи ги газат и голем дел од цвеќињата не успеваат да заздрават до следната година. Сега сме 100% сигурни дека ќе се вратат“, кажа Снук.