Милиони црвени ракови ги прекрија патиштата и мостовите на Божиќниот Остров, како што тие ја почнаа својата годишна миграција. Околу 50 милиони краби ќе патуваат од џунглата до брегот на националниот парк на далечниот северозапад на Западна Австралија за да се мрестат.

Ова се смета за една од најголемите миграции на животни на светот, која го претвора целиот остров во црвено. Снимките од природниот феномен покажуваат ракови како поминуваат преку патишта, мостови, карпи и потоци за да стигнат на својата дестинација на време.

За крабите се градат и посебни мостови

Посебни служби на островот со месеци се подготвуваат за оваа миграција, градејќи специјални мостови и привремени огради за да ги насочуваат крабите.

„Миграција од ваков обем не сме виделе од 2005 година. Нашите тимови вложија многу напори за да се овозможи безбедно патување на крабите до заливот“, изјави Тања Дето, координаторка на програмот.

Крабите поминуваат преку патишта, мостови, карпи и потоци

Миграцијата почнува со првите врнежи во влажната сезона, која се случува во октомври или ноември. По неколку врнежливи денови, машките краби ги напуштаат своите домови и се упатуваат кон плажата, земајќи женки попат. Точните тајминг и брзина на миграцијата се одредени од фазата на Месечината, при што мрестењето треба да се случи на 29 или 30 ноември. Секоја женка ќе ослободи околу 100.000 јајца во Индискиот Океан во период од пет-шест ноќи. Еден месец подоцна, малите краби излегуваат на брегот и тргнуваат кон тропските шуми на островот, иако најголем дел од ларвите ги јадат морските животни.