На половина пат меѓу Копенхаген и Осло лежи најголемиот град во Скандинавија кој не е главен град.

Гетеборг секогаш бил во сенка на Стокхолм и историски помалку важен град, но тој умно ги искористи изминатите неколку децении за да се промени комплетно. Во 2019, Гетеборг задржа некои од своите индустриски корени, но исто така е подмладен универзитетски град, центар за високотехнолошки истражувања и лидер во одржливост, чија популација треба да порасне за една третина во наредните 15 години благодарение на својата зголемена привлечност.

Од 2016, Гетеборг секоја година беше прогласуван за најодржлива дестинација на светот.

„За нас, одржливоста значи да се биде симпатичен град и град во кој луѓето сакаат да живеат. Жителите на Гетеборг сакаат да живеат тука, но и голем број други луѓе би сакале да дојдат“, вели Катарина Торстенсон, шефица на туристичкиот оддел на градот.

Гетеборг е зелен град, не само поради бројните паркови и околните шуми, туку и поради своите компактен распоред и јавен транспорт, кој 65% се движи на обновливи извори на енергија. Локалниот аеродром е јаглеродно неутрален од 2011 година.

Гетеборг располага со 274 квадратни метри зеленило по жител, што значи мноштво урбани паркови за прошетка и релаксација, а жителите имаат и голем избор на водени активности, како бесплатен базен, градски плажи и јавна сауна, чии соблекувални се изградени од 12.000 искористени шишиња.

Друг импресивен податок е дека 92% од сместувачките капацитети имаат еко-сертификат, па некои хотели целата електрична енергија ја добиваат од ветерници.