ИНДИЈА ГИ ЗАПРЕ ВОЗОВИТЕ ЗА ПРВПАТ ВО 167 ГОДИНИ И ГИ ПРЕТВОРИ ВО БОЛНИЦИ

Њу Делхи, (Си-Ен-Ен)

Кога премиерот Мори ја стави Индија во карантин на 25 март, тоа значеше и суспендирање на севкупниот железнички сообраќај во земјата до 14 април.

Индија ја има најстарата железница во Азија и таа сега е во прекин за првпат во 167-годишната историја. Повеќе од 20.000 стари вагони се претворени во оддели за изолација за заразените со коронавирусот.

Во Индија досега има речиси 5.000 заразени и 137 починати од КОВИД-19. Иако индиските болници сѐ уште не се преоптоварени, пренамената на возовите има за цел да го намали притисокот ако нагло се зголеми бројот на заразени.

„Железницата ќе понуди чисто и дезинфицирано окружување за пациентите“, изјави министерот за железница Пијуш Гојал.

Индиската железница е четврта најголема на светот и дневно превезува повеќе од 20.000 патници. Таа брои 7.349 станици. Во услови на карантин, надвор од функција се 67.368 километри пруга, што е доволно да се окружи екваторот 1,5 пати.