По убиството на иранскиот воен командир Касем Солејмани, Доналд Трамп се закани дека ќе ги бомбардира иранските културно-историски споменици доколку Техеран одлучи да се одмазди. Пентагон се огради од ваквите изјави на Трамп, бидејќи тоа не само што е забрането со меѓународни конвенции, туку и би се сметало за воено злосторство.
Во Иран има стотици локации од историско значење, а повеќе од 20 се наоѓаат на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.
Нагш-е Џахан е еден од најголемите плоштади на светот. Изграден во почетокот на 17. век, тој се наоѓа во градот Исфахан.
На истиот плоштад е сместена и џамијата Имам (Шах), декорирана со внимателно аранжирани плочки.
Палатата Голестан, комплекс на кралски згради во Техеран, била официјална резиденција на династијата Каџар во 19. век.
Персеполис, кој датира од 515 година пред нашата ера, бил главен град на Ахеменидското Персиско Царство.
Древната тврдина Арг-е Бам е една од најголемите земјени градби на светот. Таа беше тешко оштетена во земјотресот во 2003 година.
Мавзолејот на Рухолах Хомеини, во кој, меѓу другите, е погребан Ајатолахот Хомеини, основачот на Исламската Република, е важно место за аџилак во современиот Иран.