Тим истражувачи го направи она што се верува дека е прво спуштање до дното на „Бунарот на пеколот“ во Јемен, 30 метри широка дупка во пустината, чие потекло е непознато. Официјално позната како Бунарот на Бархут, оваа огромна дупка е чудо на природата, со која се поврзуваат митови и легенди.

Место духови и демони, оманските истражувачи на дното, на длабочина од 112 метри, пронашле само змии, мртви животни, пештерски бисери и сталагмити.
„Имаше змии. Собравме примероци од вода, камења, почва и некои мртви животни и ќе ги анализираме во наредниот период“, изјави Мохамед Кинди, еден од осумтемина искусни истражувачи на пештери кои се спуштија во дупката.

Јеменските власти во јуни изјавија дека не знаат што се наоѓа во длабочините на дупката, од која излегува чуден мирис. Тие проценуваат дека дупката е стара милиони и милиони години.
Поблиску до границата со Оман отколку до главниот град на Јемен, Сана, локалниот фолклор вели дека дупката била создадена како затвор за демони, а низ вековите се ширеле приказни дека во неа живеат натприродни суштества и дека е порта на пеколот.