Полските компании „Будимекс“ и „Лотос“ создадоа асфалт со цветен мирис, со цел да ги подобрат работните услови на градежниците.

Иако испарувањата од обичниот асфалт не се штетни за луѓето, новиот материјал ќе обезбеди попријатни работни услови, соопшти градежната компанија „Будимекс“.

Овој битумен содржи мешавина од природни и вештачки есенцијални масла, од кои повеќето го неутрализираат типичниот мирис на асфалтот, а останатите придонесуваат за попријатен мирис на соединението.

„На моменти, работниците можат да почувствуваат мирис на цвеќиња, што работата им ја прави попријатна“, кажаа од „Будимекс“, додавајќи дека новиот материјал би можел да добие поширока примена.